Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски при денешната посета на Гевгелија оствари средби со бизнис заедницата, други целни групи и со граѓаните со кои разговараше за реалната состојба во државата.
Тој нагласи дека приоритет во изборната програма ќе има стопанството бидејќи, како што рече, без здрава економија и без реален сектор државата не може да напредува.
-Денеска овде посетивме два стопански производни капацитети, разговаравме со сопствениците и мислам дека произлегоа корисни заклучоци од кои дел се веќе предвидени во програмата „Обнова на Македонија“, но дел ќе бидат и предвидени, рече Мицкоски.
ој истакна дека на ранг листите на реномираните светски институции нашата држава е меѓу најкорумпираните земји во светот, на 106 место односно пад од цели 12 места, забалажеувајќи дека истовремено има пад на индустриското производство и на бројот
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.