Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ја продолжи посетата на Брисел.Тој денеска имаше средба со со Дејвид Мекалистер, Претседавач на Комитетот за надворешни работи на Европскиот Парламент и со Пауло Рангел, Потпретседател на Европската народна партија и Европратеник од Португалија.
Разговаравме за европските интеграции, лобирав за македонските национални и државни интереси. Македонија има пријатели!-напиша Мицкоски по средбите.
Тој исто така имаше средба со Андреас Шидер, европратеник од Австриската социјалистичка партија и претседавач на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-Македонија.
За европскиот пат, за иднината на нашата земја, за реалноста која мора да се промени за Македонија да оди напред-прокоментира Мицкоски по средбата со Шидлер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.