Имав можност во Белград да остварам средба со Претседателот на Република Србија и Претседател на СНС Александар Вучиќ – напиша на својот Фејсбук профил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој додаде:
Разговаравме за состојбите во регионот, можностите за соработка кои стојат на располагање.

Воедно стана збор и за соработката помеѓу двете сестрински партии и искористување на потенцијалите на тој план.

Република Македонија треба да гради отворена, рамномерна добрососедска политика базирана врз принципи и искрени вредности.

Имав можност во Белград да остварам средба со Претседателот на Република Србија и Претседател на СНС Александар Вучиќ….

Gepostet von Hristijan Mickoski am Mittwoch, 6. Februar 2019



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.