Предвремени парламентарни избори и формирање на влада од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Ова се очекувањата од лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски во 2022 година. Мицкоски ова го кажа вечерва во студиото на ТВ21 во дебатниот магазин „Клик Плус“. Тој кажа дека неговата партија ќе работи да има предвремени избори, и очекува победа.

2022 година очекувам предвремени парламентарни избори, и ќе работиме да има предвремени парламентарни избори, а потоа очекувам со големо мнозинство ВМРО-ДПМНЕ да ја формира новата влада, стабилна влада која ќе може да се справи со предизвиците кои оваа влада не може да ги реши, вели Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.