ВМРО-ДПМНЕ е на терен, структурите на партијата се на терен, но како што кажав и во текот на вчерашната прес-конференција, од тоа нема да правиме дневен Пи-ар, нема да политизираме, нема да правиме маркетинг.
Ние сме народна партија, ние сме браникот на Македонија и ние сме таму каде што е потребно со оние ресурси кои што ги имаме на располагање се разбира ќе помагаме онаму каде што ќе биде најпотребно, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од денешната посета на Прилеп одговарајќи на новинарско прашање дали помошта на ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи и во наредниот период.
Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ останува на терен, додавајќи дека ги става на располагање сите потребни ресурси за помош на граѓаните, заблагодарувајќи им се на сите доброволци, пожарникари и армијата за својата пожртвуваност и справување со огнената стихија.
Од оние информации кои што ги имам, можам да кажам дека во моментот состојбата на целата територија е ставена под контрола. Ја користам оваа прилика уште еднаш да се заблагодарам на пожарникарите, на армијата, на доброволците кои што навистина посебно во делот на Малешевијата и Пијанец покажаа исклучително организираност, пожртвуваност, опременост, екипираност и знаење како да се справат со една ваква би рекол епски страшна огнена стихија која што го зафати тој дел од Македонија. Така што долгата приказна накратко, ВМРО-ДПМНЕ е тука, ВМРО-ДПМНЕ останува заедно со граѓаните и ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да помогне онаму каде што е потребно, нагласи претседателот Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.