ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи онлајн седници на Собранието. Тоа е спротивно на Уставот и ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи кршење на Уставот. Во случај кога имаме формирано Влада, во случај кога имаме владино мнозинство тие се должни да обезбедат кворум за работа од вкупниот број на пратеници. Во случајот тоа е 61 и во ваков случај тие се тие што треба да обезбедат функционалност на законодавниот дом, а не да бараат начин како да ја заобиколат таа функционалност. Така што во случајот јасно и гласно кажувам дека ВМРО-ДПМНЕ нема намера да го крши Уставот и ВМРО-ДПМНЕ нема намера да поддржи онлајн седници во собранието, вели Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на прашањето: Во време кога децата ги праќаме на училиште, кога болните одат на работа, дали сте за онлајн собрание?, на денешниот Live chat насловен “Одговор на сите ваши прашања”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.