Лидерот на ВМРО-ДМНЕ, Христијан Мицкоски бара власта веднаш да го поввлече Законот за попис и тој да биде донесен со општ конензуз. Доколку тоа не се случи  ќе почне иницијатива за собирање граѓански потписи за поништување на овој според закон.

„Попис како статистичка  операција  се прави откако ќе се постигне национален и општествен консензус, што во овој случај го нема, ниту еден од  40 амандмани не беше прифатен од страна на владеачкото мнозинство. Поради ковод панемијата, многу поразвиени држави го одложија, како Германија, Шкотска, Ирска, Србија и Хрватска. Станува збор за многу поразвиени држави“ изјави Мицкоски.

Попишувањето е предвидено без покажување без било каков доказ, дали може да се сличи едно лице да диктира повеќе матични броеви, постои институт политички двоен потпис, велат попишаните матични броеви ќе бидат вкрстени со база на податоци, а  кои бази на податоци, методологија која не е излезена во Службен весник, истакна Мицкоски

Се злоупотребува европското знаменце оти не е статистичка, туку политичка операција. ВМРО ДПМНЕ даде неколку конструктивни предлози како отпечаток на прст . Уште една небулоза беше рефлектирана дека со терминалите за отисок  прстот ќе биле потрошени повеќе средстав , што е лага и извртување на вистината, истакна Мицкоски



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.