Во текот на посетата во општина Штип, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на прашање на новинари одговори за големиот скандал со шверц на 1 тон дрога преку скопскиот аеродром, кој го објави ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција.

-Надлежните треба да објаснат како еден тон психотропна супстанција од компанија која е регистрирана како увозник на телекомуникациска опрема и галантерија, ја поминала границата. За тоа сведочат неколкумина службеници на царината. Е сега треба надлежните да дадат одговор што се случило и како овој скандал досега не ѝ е познат на јавноста. Ние инсистираме час поскоро да се покрене истрага за овој скандал, наместо да се монтираат политички процеси – рече Мицкоски.

Мицкоски истакна дека очекува да се покрене вистинска истрага за тоа за кое што навистина треба да се занимаваат истражните органи.

Ова претставува сериозен меѓународен скандал и ако не се откријат виновниците и сторителите на овој скандал имајте предвид дека следната година не 111-то ќе бидеме 130-то место на скалата на Транспаренси Интернешнл, бидејќи очигледно во Македонија мафијата си има своја држава – заклучи Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.