Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во гостување во вестите на Сител истакна дека со законот за попис, власта прави насилство врз граѓаните на Македонија.
На сила се тера целата работа, се гледа пописот како политичка, а не статистичка операција. Се обидовме преку 40 амандмани да го поправиме законот за попис. Никој не ги прифати тие 40 амандмани, па затоа се одлучивме на граѓанска иницијатива која очекуваме да биде прифатена од претседателот на Собранието. Со тоа ќе се укине законот за попис – изјави Мицкоски.
Тој соопшти и дека размислувале и за референдум, но сепак се откажале од таа опција.
Размислувавме да има и референдум, но во детална анализа сфативме дека немаме бадентерово мнозинство, па затоа решивме да го укинеме законот на попис со Бадентер – изјави Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.