Во своето гостување во телевизија 24, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна дека Гоце Делчев е еден од темелите на македонската држава и за него за тоа не може да се дискутира. Со жалење тој констатираше дека од другата страна СДСМ и власта калкулираат и оставаат простор во спорот со Бугарија за и натаму да калкуираат и тргуваат со македонските национални интереси.

Овој народ, оваа држава се темели врз основа на фунцкионирањето, раѓањето, творењето и борењето на Гоце Делчев и вие да го оспорувате тоа е исто како да оспорувате многу дејци на модерни, современи Европски држави, дека не се дел од тие држави. Тоа за мене не е предмет ниту на дискусија. За жал од спротивната страна гледам сепак еден вид калкуланство и оставање на простор за да може да се прават повторно определени отстапки, некогаш кога повторно ќе имаат можност, се надевам дека ќе немаат можност, да бидам попрецизен сигурен сум дека ќе немаат простор на штета на македонските национални интереси, вели Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.