Додека чекаме вакцини, нема, па има британски сој на #COVID во земјава? Разликата во различните тврдења е 5 дена.
Власта на Зоран Заев е без компас, за жал на штета на здравјето на граѓаните – посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Додека чекаме вакцини, нема, па има британски сој на #COVID во земјава?

Разликата во различните тврдења е 5 дена.

Власта на Зоран Заев е без компас, за жал на штета на здравјето на граѓаните.

Posted by Hristijan Mickoski on Wednesday, 27 January 2021

Денеска и официјално е објавено дека при анализа на податоци од позитивни ковид пациенти во месец јануари, во приватна лабораторија за генетика и перосонализирана медицина на клиниката Жан Митрев, кај еден примерок е детектирана мутација на британскиот сој на вирусот СарсКов 2.

Сè поизвесно e дека македонските граѓани уште долго ќе останат затворени за останатиот свет и дека и оваа 2021 година ќе ни помине во чекање власта да си ја заврши работата. Додека целиот регион веќе започна со вакцинација на медицинскиот кадар, постарите лица и хронично болните, а во Србија, пак, веќе и обичните граѓани уредно ја примаат првата вакцина, во Македонија сè уште нема ни конкретен план како ќе тече целиот процес.

Од власта, која мелтее дека е транспарентна, секојдневно добиваме различни изјави до каде се и што прават со набавките.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.