Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на Фејсбук објави дека владиното мнозинство не ја примило граѓанската иницијатива за одложување на пописот.
Владиното мнозинство не ја прими граѓанската иницијатива за одложување на пописот кој е очигледен фалсификат. Изговорот е дека не постоела институцијата Собрание на Република Македонија. Кој се плаши и бега од сопствениот народ срамно завршува.
На утрешната седница на Централниот комитет ќе предложам да отпочнеме со собирање на граѓански потписи во градовите и селата. Никој не победил народ. Ќе ги имаме потписите од пратениците и потписите на народот – напиша Мицкоски, кој во објавата споделува и допис од Собранието.
Претходно во изјава за медиумите денеска, Мицкоски изјави дека по поднесувањето на Иницијативата за поништување на Законот за попис, очекува собирањето потписи да почне најдоцна за еден месец и оти сега треба претседателот на Собранието да ја достави до матичните комисии, кои ќе ја оценат нејзината исправност.
Доколку Владата, сепак, реши да предложи одложување на пописот, Мицкоски посочи дека за нив идеално време за попис е пролетта 2022 година и оти јуни – јули „никој не прави попис“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.