Видовме кој е прегазен на овие избори – вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски воинтервју кое вечерва го дава за 24 Телевизија. Во емисијата 24 Отворено зборуваше за премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, кој на митинг велел дека не дале предвремени парламентарни избори, само затоа што ќе ги прегазиле ВМРО-ДПМНЕ.

-Ако направите анализа и ако ги распределите мандатите според изборни единици, во изборните единици 1,2,3,4,5 и 6 и ако одземете 50.000 гласа, кои што ги освои кандидатот на СДСМ, ДУИ и останатите, а за кои што ДУИ самиот кажа дека му ги дале, тогаш распределбата на мандатите ќе биде 53, наспроти 44, 14,9, тоа е новата политичка реалност во Република Македонија, вели Мицкоски.

Тој објасни дека во 2005 година имаше локални избори на кои што ВМРО-ДПМНЕ освоило над 200.000 гласа, па по таа логика истакна дека резултатите не само што не се слаби, туку за него ова се историски најдобар резултат на ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.