Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски потсети како зборуаше Зоран Заев за загадениот воздух пред да дојде на власт.
„Да дишеме чист воздух, затоа што нема слобода и живот без чист воздух“, ова беа зборовите на Зоран Заев кога ветуваа алпски чист воздух, а испорачаа најзагаден воздух во светот. Македонија ја направија неславен рекордер по степен на загаденост, но уште поважно, цената за таквата измама ја плаќаме сите ние, со најскапото нешто, здравјето. Излажаа дека имаат решенија, а сѐ друго им е популизам. Едноставно, измамници со убави зборови без дела. Потребни се промени, неопходна е обнова за која заедно ќе се избориме, порача Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.