Пред една година имавме украдени парламентарни избори и брутално искористена пандемија за изборен поткуп и уцени и како резултат на тоа денес имаме 2/3 граѓани кои не се задоволни од насоката по која оди државата и сметаат дека оваа власт треба да си замина, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување на Канал 5.
Како резултат на тие парламентарни избори сега ВМРО-ДПМНЕ е најголемата политичка партија во државата, најголемата пратеничка група во парламентот, има најмногу градоначалници и советници и сега таква партија треба да биде во опозиција поради политичка некултура и математичката ,,гимнастика” која ја прави оваа власт.
Верувам во мудроста на граѓаните и нивната поддршка и верувам дека штом се прикаже прва прилика ќе добиеме поддршка за предвремени парламентарни избори и голема победа на оваа генерација на нови политичари водени од заедничкиот патриотизам.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.