Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во емисијата „360 степени” на Алсат М телевизија околу својата вчерашна изјава во врска со случајот „Рекет на Вице” која ја даде за медиумите во Прилеп, истакна дека не ретерирал туку дека иронично се обратил до Обвинителството да истражи кое лице е вмешано во скандалот со РЕК Битола.
„Јас претпоставувам ја разбравте иронијата и сарказмот во мојата изјава, инаку јас зборував токму тоа лице Вице Заев и оваа фамилија на власт дека се длабоко замешани во вакви скандали уште многу пред ова да се објави на македонската јавност“, истакна Мицкоски.
Мицкоски во текот на емисијата рече:
„Тоа беше дадено малку така повеќе саркастично и иронично, но очигледно дека политичкото изразување треба да биде подиректно и поконкретно. Но, еве благодарам на можноста да појаснам за да не биде дека како што вие велите правиме чекор наназад од брифингот, напротив само можам да го потврдам“.
Запрашан за демантите кои ги упатија повиканите лица и институции, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ изјави:
Нормално е дека тие што се вмешани во овој скандал ќе го демантираат тоа. Нема да го потврдат тоа, вие зарем очекувате да излезат и да речат браво Мицкоски во право беше, не фати. Сигурно нема тоа да се случи“, вели Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.