Веднаш да се одржи меѓувладина конференција, бара лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
И не ме интересира друго, ВМРО-ДПМНЕ, а ниту јас не поддржуваме ниту една национална отстапка. Менувавме и знаме, насила протуркаа промена на Устав а со цел промена на уставното име, вели Мицкоски.
Мицкоски синоќа на гостувањето во „ТВ21“ говореше за масовната кампања што ја спроведе власта.
Ги убедуваа граѓаните во масовна кампања дека тоа е последното и од тој момент ние сме дел од НАТО и почнуваме преговори и стануваме дел од ЕУ, нели ни велеа поквалитетни вакцини, бесплатно здравство, поквалитетно образование.
Е, сега сакам да си го одржат зборот. Сакам, тие тоа што ни го ветуваа тоа да си го одржат и притисокот да го прават во Бугарија а не во Македонија, вели Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.