Штотуку дојдов во Струмица, вечерва ќе присуствувам на трибина и разговор со граѓаните, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил.

Кажувам за да не ме мислат роднините и пријателите на премиерот, нека одмори бентлито на власта, бидејќи ќе му претстои напорна работа зошто ние ќе ја обиколиме цела Македонија, секој град, село, маало и улица посветени на ширењето на вистината, борбата за правда и вербата во вредности. За Македонија, пишува Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.