Лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска ќе се сретне со коалиционите партнери, најавија од партијата. Средбата ќе се одржи вечерва во партиското седиште.
Таа следи откако вчера на лидерската средба 12 април беше договорен како датум за одржување на предвремените парламентарни избори.
Мицкоски по средбата рече дека следуваат промени и дека неговата коалиција ќе победи на изборите, а ги повтори и партиските ставови, да се продолжи по патот на ЕУ и НАТО.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.