Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва ќе гостува во телевизија ТВ 21.
Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ, напиша на социјалните мрежи дека вечерва ќе гостува во емисијата „Клик плус“ во 21:30 часот.
Пред неколку недели пред тоа, Мицкоски имаше ТВ дуел со премиерот на Република Македонија Зоран Заев, а двајцата претседатели ги оправдаа очекувањата на гледачите.
Во студиото на Само вистина имаа двочасовен дуел, а на крајот Мицкоски со патриотски гест му подари беџ со натпис Република Македонија на Заев, кој Заев го одби.
Двајцата лидери на партиите на крајот се испратија џентлменски, исто како што дојдоа во телевизијата.
Двајцата беа предизборно убедени во победа на својот кандидат. Премиерот Заев призна дека стравува од бојкот во вториот круг, но Христијан Мицкоски, вети дека нема да бојкотира во услови на фер и демократски избори. Тој не одговори дали ќе поднесе оставка ако Гордана Силјановска биде поразена, но доби потврда што доколку Стево Пендаровски не победи на претседателските избори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.