Откако институциите во државава дозволија да го снема Сашо Мијалков, обвинет за неколку дела од прислушуваните разговори, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на 23 февруари  порача дека е време за техничка влада.

Потребна е оставка на целата Влада и формирање експертска влада, порача тогаш Мицкоски.

Важно е да направиме техничка влада која ќе подготви терен за фер избори. Да избереме влада на чест, која ќе обезбеди тоа што овие мафијаши не можат, а тоа е достоинствен живот – рече Мицкоски.

Во таа прилика тој нагласи дека додека МВР пишува казни на народот и секое утро се фали колку казни напишале за неносење маски, вистинските криминалци и мафијаши слободно се шетаат.

Тогаш ваквото барање на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ од страна на власта беше отфрлено, и истите да се истрчаа да изгласаат доверба со само 62 пратеници на сопствената Влада, за да следниот ден Парлементот да го нема потребното мнозинство на непречана работа на истиот.

Формирањето на техничка влада е предлогот кој сега после десетина дена, Зоран Заев го прифаќа како опција.

Нудиме соработка од секој можен аспект. Се што треба да направиме, да направиме, но дефинитивно мора да имате човек од другата страна, за да разговарате. Првпат го кажувам ова, сакам да отворам дебата за заедничка власт и Влада со опозицијата. Ама да има човек со кого може да се разговара, со господинот Мицковски не се разговара. Или, ако кај нив има разумен човек, а кај нас нема, нека го тргнат и Заев, само двете партии да можат да разговараат. Мораме да го здружиме нашиот народ, зашто тоа ни е потребно, го знаат и тие, а го знам и јас – премногу ни е поделен народот!, истакна во интервјуто премиерот Зоран Заев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.