Многу важно да отпочнеме преговори со Европската Унија, тоа е еден од најважните стратешки интереси за земјава, затоа што државава нема друга алтернатива. Но во исто време ние имаме должност и да опстоиме како Македонци. И таа битка за нашите стратешки интереси не смее да биде по секоја цена, односно по цена ние да престанеме да постоиме. Не смееме во нашата единствена цел за интегрирање во Унијата да се изгубиме како народ, туку сочувани да влеземе таму – потенцираше Мицкоски на денешната прес конференција.

Според него, ние како нација и држава не можеме да прифатиме да се самопорекнеме, или самоодречеме по секоја цена.

Јас би рекол и по ниту една цена – рече Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.