Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето на телевизија Алфа во емисијата „Што не е јасно“ во контекст на предлогот на власта за укинување на предметот историја рече дека овој чекор е сериозно обезличување на нашите корени и анационален чекор.
Укинувањето на историјата е најтесно врзано со се што се случува со Бугарија. И сега што да направат викаат ќе го укинеме предметот историја. Децата кога ќе пораснат кога ќе треба да се идентификуваат ќе бидат граѓани, нема да бидат ниту Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи и други – рече Мицкоски.
Според него за ова прашање има отпор не само кај опозицијата, туку во јавноста генерално, кај наставници, професори, студенти.
Мислам дека не се толку комотни за да го направат тоа. И велат поддржуваме протести, што е лошо да поддржиме граѓански активности, ние сме и народна партија. Ние ќе ги поддржиме сите активности кои се за доброто на државата, граѓаните – кажа Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.