Убеден сум во голема победа на ВМРО-ДПМНЕ но не сакам да калкулирам со бројки туку повеќе се осврнувам на суштината  и на проектите што ги нудиме, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на дуелот со Зоран Заев на МТВ.

Според него, власта покажа дека не умее да се справи со короната и дека сме рекордери по загубени животи и заразени.

Предуредиме на ова уште во февруари но бевме обвинети за ширење на  лажни вести. Предлагавме сет мерки за здравствената заштита но и за бизнис секторот. Ниту еден наш предлог не беше прифатен-објасни Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.