Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва гостуваше во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 каде што посочи дека тврдењето на Заев дека народот во Струмица и Петрич говорат на ист јазик е глупост.
Кај мене предизвика едно чуство на вознемиреност до гадење, кога слушнав дека Македонците од Струмица збореле на ист јазик како и граѓаните на нашиот источен сосед во Петрич. Јас не мислам дека е така, и мислам дека Македонците во Струмица зборуваат на македонски јазик. Македонскиот јазик кој што се говори во Струмица не може никако да биде дијалект на бугарскиот јазик кој што се говори во Петрич. И тоа е една голема би рекол глупост од негова страна што беше кажана за тој бугарски медиум, истакна Мицкоски.
Мицкоски додаде дека не знае дали тоа Заев го прави од незнаење, дали тоа го прави од немоќ, дали тоа го прави за да остави посилен циркузански впечаток кај нашиот источен сосед, па да речат видете го овој и да си поигруваат со него.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.