И колку е голема љубовта за Охрид и за Македонија сакам да истакнам преку примерот кој се случи овде во овој град преку двајца млади луѓе, го заврши Мицкоски говорот во Охрид со анегдота врзана за снимањето на промотивниот спот на камапањата.

Моите соработници имаа предлог во рамките на политичката кампања да се прикаже храброста, пркоста, силата и честа на нашиот народ преку пливање, за кое треба фокус, концентрација, издржливост, мудрост, стратегија, какви што ѝ се потребни на Македонија во моментов.

Им реков, март е. По неколку дена се распрашале, доаѓаат кај мене, и ми велат: „Претседателе двајца млади од Охрид, Тијана и Тео, сакаат да покажат пример дека нема нешто што не може да се реализира ако си храбар“.

По долги консултации, меѓу кои и со медицински лица, за ризиците и можностите, ги запрашав Тијана и Тео, дечки дали сте сигурни дека можете да пливате во вода од 10 степени?

Нивниот одговот, вели Мицкоски, го трогнал.

Ми рекоа во еден глас: Претседателе, ние ова го правиме за Македонија!!! Ова е нашата борба, борбата на нашата генерација, ова е нашиот пример со кој сакаме да покажеме дека за Македонија сè би сториле! Капа долу! Секоја чест Тијана, секоја чест Тео! Браво дечки, ви се поклонувам!

Тие сакаа со сопствен пример да покажат дека преземаат голема одговорност, исто како и нивната генерација. Се борат за идеал и принципи. Веруваа во својата сила. Не бегаа од предизвикот, се впуштија во него. Знаеја дека е тешко. Но така е во животот, така е денеска и во Македонија, тешко во моментот. Проблемите се големи. Противникот не бира средства.

Сака да нè совлада сите нас. Но, нема предавање, Зоране Заев. ќе те поразиме и на 21 април и на 5 мај, а потоа и на предвремени избори. Имаме сила, и знаеме  како да победиме! Ние сме на вистинската страна. На страната на правдата. На страната на Македонија, рече Мицкоски, трогнат од идеалот на Тијана и Тео.

Време е за акција. Време е за одлука. Зората изгрева. Затоа што ние знаеме што треба да направиме. Ние создаваме подобро утро. Ние ги решаваме проблемите и  не ги оставаме за нашите деца. Зората која изгрева не значи само нова надеж значи и вистински вредности и вистинска благосостојба. Таа зора носи Правда. За секој еден од нас. Носи и еднаквост, можности и подобри времиња. Зората која изгрева носи почит, достоинство и успеси. И таа пред се носи љубов – ја сака Македонија. Затоа изгреј зоро на слободата, и донеси правда за Македонија! Татковината ве повикува!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.