Направија закон со којшто само веледрогерии можеа да увезуваат вакцини. Кога видоа дека нема шега, ова е сериозна работа, бидејќи големите компании како Фајзер, АстраЗенека, Модерна работат со држави, набрзина го менуваа законот. Зошто со веледрогерија, затоа што така најлесно се градат хациенди, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во „Само Интервју“ на Канал 5 телевизија.
Мицкоски потенцира дека сериозните европски држави навреме видоа дека ова е сериозна работа и почнаа директно да набавуваат со производителите, бидејќи имаат функционални системи и влади со визии, за разлика од нас.
За два дена е февруари, а ние и овие што ни ги даваат поклон не можеме да ги прифатиме. Зошто не ги набават со интервентен увоз, што мислите колку такви како Филипче им тропаат кај производителите? Тоа не се прави сега, се правеше во ноември, во декември. Сега на нивните врати тропаат илјадници како Филипче и се подготвени повеќе да платат, истакна Мицкоски.
Тој вели дека додека ние чекаме и се споредуваме со последните, држави околу нас како Албанија и Србија се вакцинираат а нашите владини функционери зборуваат глупости по медиумите.
Слушавме еден владин претставник на национален медиум кажуваше дека не сакале да ги набават затоа што не сакале граѓаните добијат чувство дека се предмет на експримент, чекале да видат како ќе функционриа во светот и потоа да одиме во процес на набавка. Да не беше трагично ќе беше смешно, посебно за политичар којшто од времето на транзицијата е во политика, наглласи Мицкоски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.