Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот протест пред Владата рече дека премиерот Зоран Заев лаже и преговара за идентитетот.

Зоран Заев преговара за идентитетот и ја лаже целата македонска јавност. Од изјавите на историската Комисија дознавме дека бугарската страна кажува дека за придавката македонски се разговара на повисоко ниво. Тоа значи дека Заев тргува. Заев лажеше и кога се коленеше во најмилото. Денес повтороно лаже, а историската Комисија го демантира. Полека она што не било проблем, станува проблем. Полека, но сигурно дебатираме и го губиме нашето наследство. Поминаа 10 дена и не се повлече од скандалозното интервју. Поразите ќе ги прикажува како штитење на идентитетот. Па да бидеме задоволни и среќни ако некој бугарски политчар потшепне Македонци. Заев вели дека е Македонец кој зборува македонски јазик. Ама не кажува дека всушност мисли за после 44та година. Позади се ова стои интерес. Еве јавно во повикувам Централниот регистер да каже дали акциите на рудникот Иловица се продадени на бугарски инвеститор. Треба да се случи народ за да Заев престане да продава. Тоа е единствениот начин да го победиме, рече Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.