– Вие го имате човекот кој што ја отвори вратата амнестиран. Зошто? Затоа што му требал на господинот Зоран Заев. Е тоа е проблем тоа е за мене суштински проблем. И сега се прашуваме зошто е тоа така и зошто судството не ни е функционално и зошто сме 106-ти на скалата за перцепција на корупција и имаме хибриден режим и зошто луѓето си одат кажа лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски на дуелот на телевизија Канал 5 со лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Според Христијан Мицкоски тој што ја отвори вратата на 27 aприл е амнестиран затоа што му требале гласови на Заев.

– Тој што ја отвори вратата е невин а останатите се виновни. Зошто? Затоа што му треба на господинот Заев. Вие се помиривте со тој што ја отвори вратата затоа што ви требаше, затоа што човекот го уценивте го држевте заробеник дома а потоа го уценувавте за да го ослободите за да дојде во парламентот во осум, девет навечер да гласа. И овие процеси господнине Заев еден ден ќе имаат завршница, ќе имаат завршница -потенцираше Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.