Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот ТВ дуел на МТВ истакна дека новата влада која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ ќе ги ослободи студентите од плаќање на партиципација во следната 2020/2021 година.
Мицкоски потенцираше дека тоа што студентите ќе бидат ослободени од партиципација за следната учебна година е само дел од сетот економски мерки кои се иновативни и нови решенија.
Мотивирани сме да покажеме како се сака и како се работи за сопствената држава. Дали ВМРО-ДПМНЕ ќе успее со 8% рамен данок ќе имате можност да гледате во следните 4 години, и не само тоа туку ДДВ на оние кои се најпогодени од Ковид-19 вирусот во хотелиерството и угостителството ќе го намалиме од 18% на 10% заклучно со 2021 година, изјави Мицкоски.
Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ветува реални и остварливи решенија, а не како тоа на СДСМ за 500 километри автопат кои никој досега не ги видел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.