Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната посета во градот Штип одговарајќи на новинарско прашање во врска со истражувањето на ИРЛ кое покажа дека во прашање се бизнис интереси во загадувањето на воздухот, истакна дека е срам и за осуда на институциите доколку таков енергенс се дозволило да биде користен и дека тоа мора да се истражи.
Тоа е срам за институциите ако навистина се случило такво нешто да практично во индустријата таков енергенс се дозволи да биде користен. Тие луѓе треба најжестоко да бидат казнети бидејќи, тоа не само што е нехуман потег туку и немам зборови со којшто можам да го осудам ваквиот гест, посочи Мицкоски.
Мицкоски истакна дека тоа беше прикажано во емисијата треба да се истражи и ако се докаже дека е точно, тогаш инволвираните треба веднаш да бидат изведени пред лицето на правдата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.