Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека  имале голем број на апели на кумановчани па дури и на градоначалникот на Куманово до владата за прогласување на кризна состојба и поуспешно справување со Ковид-19 вирусот и оваа пандемија која што ни се случи.

Но тој објаснува од друга страна виделе еден примитивен инает, надменост би рекол лична фрустрација  и суета од страна на владата и техничкиот  премиер Оливер Спасовски кој никако позитивно да одговори на барањето на кумановчани и градоначалникот на Куманово.

Иако и кумановчани и сите ние сме свесни дека пред некоја недела дека токму лично тој под превезот на хуманитарна помош за ранливите социјални категории се обидуваше да спечали некои политички поени, на тој начин некако го рашири Ковид-19 вирусот и пандемијата во Куманово.

Ја користам оваа прилика да апелирам до него да ја надмине личната фрустрација и суета и да излезе позитивно во пресрет на барањата на  кумановчани и градоначалникот на Куманово бидејќи има време и за внатрепартиски пресметки има време и за политичка битка, сега е најважно здравјето на граѓаните и да го поразиме овој вирус којшто за жал е наше денешно секојдневие.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.