Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ по средбата со Даниел Браун, новиот директор на Фондацијата Конрад Аденауер на својот фејсбук профил напиша:
Заедно со потпретседателот Александар Николоски и секретарот за меѓународна соработка Тимчо Муцунски, остваривме средба со новиот директор на Фондацијата Конрад Аденауер во Македонија, Даниел Браун.
Му посакавме добредојде и успешна работа во Македонија, а се сложивме дека соработката помеѓу Фондацијата и ВМРО-ДПМНЕ ќе остане на високо ниво, но и ќе се засилува.
Уште еднаш ги афирмиравме одличните релации помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Фондацијата Конрад Аденауер – официјална Фондација на ЦДУ.
Главен акцент на средбата беше ставен на разговорите за идни проекти насочени кон јакнење на капацитетите на партијата.
Преку проекти и настани на Конрад Аденауер поминале цели генерации на политичари на ВМРО-ДПМНЕ.
Ги афирмирав принципиелните заложби на ВМРО-ДПМНЕ за евроинтеграција на Република Македонија, но истакнав и благодарност за поддршката која ја добиваме и од Фондацијата и од Германија.
Заедно со потпретседателот Александар Николоски и секретарот за меѓународна соработка Тимчо Муцунски, остваривме средба…
Posted by Hristijan Mickoski on Monday, 11 January 2021
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.