Одговарајќи на новинарски прашања, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека при средбата со делегацијата на Националниот совет на Република Австрија, предводена од претседателот на Советот, Волфганг Соботка станало збор и било поздравено донесувањето на Законот за ЈО од страна на Соботка. Мицкоски истакна дека бил изненаден од тоа што власта не го информирала Соботка на каков начин го донесе Законот за ЈО односно со повторено гласање надвор од сите правила и процедури.

Да разговаравме исто така му го пренесовме и „трас, трас“ методот за носење на Законот за јавно обвинителство, „се договорив со Јово“ и сличните методи како се носат овие закони, пренесовме дека тогашниот претседател на Владата не го негираше тоа однесување туку го потврди истото тоа однесување. За прв пат слушнал господинот Соботка, навистина бевме вчудоневидени дека ова беше за прв пат информација која што ја слушнал. Исто така за прв пат слушнал дека имавме повторено гласање, најпрвин 74 за потоа по некој чуден метод да се поништи тоа гласање па имаше 80 пратеника потоа. Беше видно изненаден од тоа што го слуша, истото тоа го пренесуваме и до другите дипломати за ова „трас трас3 судство и обвинителство кое што во моментов се случува во Македонија, како се гази и пали демократијата во Македонија. Така што останува на тоа да ние се бориме за вредностите за кои што сме се бореле сите овие години од постоење на ВМРО-ДПМНЕ да се бориме за вредностите на организацијата на ВМРО која што постои многу одамна така што е од наша страна ние сакаме само објективно и навремено пренесување на реалноста. За жал очигледно таа реалност не беше пренесена онака како што таа реалност постои во државата – истакна Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.