Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во дебата на ТВ21 истакна дека ВМРО-ДПМНЕ не може да функционира поради монтираниот случај „Талир“ кој е покренат по рокот 30.6.2017 година и тоа една година подоцна Зошто е тоа така, рече тој, треба да одговрат судските истанци, а она на што се задржа Мицкоски е дека како резултат на тоа нелегално прифатено обвинение и започнат судски процес ВМРО-ДПМНЕ има замрзнат имот на партијата. Мицкоски потсети дека ВМРО-ДПМНЕ е единствената партија во Европа, која не може да располага со својот имот, не може да го издава, да го продаде, да ги подмирува редовно секојдневните трошоци.

Без пари на претседателските избори освоивме 380.000 гласови сами против сите. И сега во април, со замрзнат имот и без пари ќе освоиме повеќе од 400.000 гласови. Запамтете ми го зборот, рече меѓу другото Мицкоски.

На коментарот дека ВМРО-ДПМНЕ е најбрзорастечка комапнија во Европа, која од жолта куќа изградила бела палата, Мицкоски рече дека во моментов Државниот завод за ревизија прави анализа на редовната сметка на партијата и на сметката за време на финансирање на кампањата на претседателските избори.

Што се однесува капиталот на ВМРО-ДПМНЕ, имотот, ппбарувањата, сметката, долговите, плаќањата, релевантна е завршната сметка што сме должни да ја доставиме на крајот на секоја година до тој завод. Тоа е јавно објавен документ. Не бидете жртва на пропагандата на СДСМ, рече Мицкоски.

Мицкоски потсети дека засега не може да излезе од партиското седиште зашто не располага со него, имотот е замрзнат, а нема каде да ја премести партијата. Но, затоа рече дека две години волонтира во партијата, а единствен приход му е професорската палта од Машинскиот факултет, користи приватно возило, а не партиско, користи јавен превоз.

Кога седнувам во ресторан, си плаќам самиот, не користам партиска логистика. Таа симболика јас веднаш би ја напуштил, но немам каде, зашто не располагам со тој имот. Да располагам, многу лесно, знам што треба да направам, но за жал, незаконски го држи истата таа судијка која е дел од еден криминален случај, рече Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.