Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијн Мицкоски испрати сочувство до Канцеларот на Австрија, Себастијан Курц по вчерашниот терористички напад во Виена.

Примете го моето сочувство и најдлабоко жалење за настаните кои се случија во Виена.
Овој напад е терористички напад на цела Европа, и на вредностите кои ние ги негуваме.
Македонците сочувствуваат со Австријците во овие тешки моменти. Нашите молитви се со Вас и Вашата држава, порача Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.