Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на митингот во Битола раскажа една шега за новото БМВ на премиерот Зоран Заев.
И кога сме кај овој Зоран Заев, иако е тешко време ќе ми дозволите да кажам една шега која што се раскажува деновиве низ Македонија. Сега пред некој ден кога беше овде во Битола со новото БМВ одлучил Заев да се паркира пред Епинал, но пред него таму на тоа место паркирал некој граѓанин. Доаѓа полицаецот и му вели на граѓанинот веднаш препаркирај го возилото доаѓа Зоран Заев, премиерот. А, вика јас за ваквите како него имам лек, си ставив и аларм, а богами и камера за да не ми го снема возилото“, кажа Мицкоски.
Мицкоски посочи дека и малите деца знаат дека волкот влакното го менува, а карактерот не. Дали биле Заевци, дали биле стентоновци, тоа е едно те исто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.