„Не е поентата да се занимавате со политика и да делите. Поентата е да се занимавате со политика и да обединувате. На крајот од денот ние во политиката не сме влегле со сето знаење кое што го имаме. Растеме, стекнуваме искуство, се обликуваме како политичари, нашата понуда ја обликуваме, ја адаптираме на реалната ситуација“, истакна вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при гостување во емисија на ТВ Шења.

Мицкоски додаде дека коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците и Алтернатива е коалиција за создавање на иднината, а не да се навлегува во прашања кои што ќе создадат поделби.

„Ако јас сега мојата кампања и коалицијата со Алијанса и Алтернатива ја градам на тоа што ќе направам негативна кампања потсетувајќи ги Албанците за Бит пазар, за Тетово, за Гостивар и така натаму, тогаш ова се што го зборам јас сега со вас овде е лага. А, тоа го прават овие од СДСМ и од ДУИ, креирајќи спотови, монтираат со мене и со господинот Села, со господинот Гаши. За каква иднина тогаш тие зборуваат“, праша Мицкоски.

Мицкоски посочи дека на СДСМ и на ДУИ им пречи коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со Алијанса и Алтернатива. Граѓаните сакаат коалиции со коишто ќе им се покаже иднината, а не да ги враќаат во минатото.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.