Проблемот кој го имаме со источниот сосед, не е таму проблемот само Гоце Делчев, таму имаме низа проблеми и за сите тие проблеми треба внимателно да ги следиме и да реагираме. Затоа што овој пат ни треба поддршката од целата македонска јавност.
Ние не смееме да оставиме политичари кои буквално да дивеат спасувајќи ги своите политички кариери уништувајќи нација асимилирајќи нација уништувајќи ја современата македонска држава, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето на телевизија Канал 5 во емисијата Само интервју. Тој укажа дека Зоран Заев во изминатите 4 години кажа многу работи, а во суштина гледаме многу проблеми.
Кога лажел Заев се поставува прашањето, укажа Мицкоски. Според него авантуристички не се потпишуваат договори кои во минатото и поискусни политичари не ги потпишале. -Јас ќе ви ја кажам вистината, дека ова што го бараат е ветување на Заев уште пред изборите во 2016 година. Прво ги загрози шансите за европска перспектива, а да, никој проблем не се игнорира. Еве ќе ви дадам уште една екслузивна информација да го прашаме министерот за надворешни работи Бујар Османи дали е точни дека барањето од страна на неговата колешка било практично да се потпише нов договор кој ќе биде сличен на Преспанскиот со уставни измени каде ќе се дефинира постоењето на македонската нација и јазик од 1945 наваму, а пред 1945 дека сме биле нешто друго. Еве да го прашаме дали ова е точно и дали е ова услов за понатамошно продолжување на преговорите, посочи Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.