Ги повикувам разочараните, оние кои си бараат причина да не нѐ поддржат, но и кои сигурно имаат оправдана причина да бидат незадоволни. Никогаш не рековме дека сме безгрешни, ниту пак совршени, ако го барате моето извинување, јас никогаш не сум го криел тоа. Како човек оние пријатели кои добро ме познаваат ми велат емпатичноста кај мене е маана, но јас сум така воспитан и немам намера да се менувам, и не мислам дека треба да престанам да подавам рака. Време е овојпат да ги оставиме сите наши разлики, и да излезете на гласање бидејќи секој глас е потребен, затоа што вашето игнорирање значи глас за Заев кој ќе помисли дека се ми е дозволено и дека може се да направи.
Драги пријатели ве повикувам на 17 Октомври да излеземе сложно, обединети како никогаш досега и заедно да победиме!
#СоздадиНоваИднина, напиша на Фејсбук, лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.