Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со последен поздрав до проф. д-р Бранко Василевски.

Проф. д-р Бранко Василевски остави печат врз генерации на студенти, но и врз оние кои имаа прилика и чест да го познаваат лично, а кои сведочат за каков правдољубив и хуман човек станува збор. Велат плодот на дрвото паѓа веднаш до стеблото. Таков неприкосновен борец и ерудит е и неговата ќерка Иванка Василевска која сум сигурен дека ќе продолжи онаму каде професорот Василевски денес застана, по трновиот пат на вистината, чесноста и достоинственоста.
Почивај во мир професоре!, порача Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.