Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска упати јасна порака до раководството на СДСМ и до Зоран Заев дека ќе одговараат и побара да престанат да го втурнуваат народот во ситуација да се бројат новозаразени и починати.
Јас ви ветувам дека после дебаклот кој што ќе ви се случи, кога и да се случат тие избори ќе имате право на пресумпција на невиност, но од одговорноста нема бегање. Одговорност мора да има за сето ова што го направивте изминатите три години.Затоа вразумете се и не го правите ова на народот. Немојте да правите притисоци, ниту во Државната изборна комисија, не правете притисоци ниту кај граѓаните-порача Мицкоски.
.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.