Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски излезе со коментар за случувањата во Сингелиќ и му даде полна поддршка на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

 Тоа се оние настани кои се случуваа во општината Гази Баба во минатите денови, во делот на населбата Сингелиќ, каде што една помала толпа на граѓани се обиде да манифестира револт прекршувајќи го законот и прекршувајќи вонредната состојба која што владее во државата, притоа доведувајќи ги во опасност и сопствените но и загрозувајќи ги животите на сограѓаните. Истовремено сакам да изразам полна поддршка на техничкиот министер на МВР г-дин Наќе Чулев кој што делуваше резолунтно и веднаш поднесе кривична пријава против трите лица кои практично го иницираа сето ова кое потоа следуваше а беше манифестирање на револт и групно кршење на законите и вонредната состојба во државата-смета Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.