Како ново лице на главната политичка сцена во Македонија, кое се појави пред нешто повеќе од две години кога го наследи Никола Груевски на лидерското место во ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски има најголем раст на рејтингот кај граѓаните, а тоа го покажуваат најновите анкети спроведени на барање на некои медиуми.
Резултатите на анкетата на Детектор, но и на таа објавена пред десетина дена, на МКД.мк, покажуваат дека Зоран Заев е политичар со најголема доверба, но со пад на рејтингот. Мицкоски, пак, е политичар кој за една година има значителен раст на довербата кај граѓаните.
Анкетите спроведени минатата година покажуваа дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ужива доверба од 2,9 проценти кај народот, која за една година порасна на 12,1 процент.
Бројките покажуваат дека довербата во Заев кај граѓаните опаѓа. Од минатогодишните 24,1 процент, сега доверба во Заев имаат 14,5 проценти од граѓаните.
Според анкетата на Детектор, објавена на 29 септември 2019 година
Последните анкети спроведени на барање на порталот МКД.мк и емисијата Детектор покажуваат водство на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ. Доколку утре/идната недела се одржат парламентарни избори, најголем дел од граѓаните својот глас ќе го дадат за ВМРО-ДПМНЕ.
Според анкетата на МКД.мк објавена на 26 септември 2019 година
Ваквите резултати се само потврда дека СДСМ и Зоран Заев не ги исполнија очекувањата на граѓаните и дадените ветувања. Бројките ја потврдуваат разочараноста кај луѓето во политиките спроведени од актуелната власт кои јасно ставаат до знаење дека сакаат промена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.