Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со дел од партиската пратеничка група попладнево во 15:30 часот ќе оди на средба кај претседателот на државата Стево Пендаровски во вила Водно и ќе бара од него да им ги соопшти аргументите и доказите врз основа на кои му го додели мандатот за формирање нова влада на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
На прес-конференција пред партискиот штаб, Мицкоски обвини дека со доделувањето на мандатот, Уставот е прекршен, а дел од таквиот чин, според него. сега е и претседателот Пендаровски зашто на Заев му го дал мандатот без тој да му приложи доказ дека обезбедил мнозинство.
Според Мицкоски, со доверувањето на мандатот, целта на Пендаровски е да му овозможи уште 20 дена преговарање на Заев за влада.
– Очекуваме и апелирам Пендаровски да не прими мене и уште еден пратеник за да разговараме за доказите со кои Заев го убедил да го добие мандатот. Бараме да ни објасни врз основа на кој доказ и документ му го довери мандатот на Заев, истакна Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.