Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од претседателот Христијан Мицкоски, која учествуваше на Конгресот на ЕПП во Загреб ја продолжува меѓународната активност во Германија на Конгресот на германската владејачка партија ЦДУ, сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ.

Во Лајпциг Мицкоски утрово оствари средба со Питер Бајер, пратеник во Германскиот Бундестаг и Национален координатор на Германија за трансатланска соработка.

Разговаравме за македонските прашања и предизвици, за поддршката која ни треба да направиме крупни чекори на патот кон Европската Унија, за јакнењето на пријателствата и перспективите кои ќе ги отвори идната Влада и проблемите кои ќе ги решиме за подобар живот на граѓаните, соопшти Мицкоски.

На Конгресот на ЦДУ ќе се расправа за утврдување на политички постулати за следниот период на дејствување. Ќе се отвораат теми поврзани со економски и социјални политики во Германија, дејствувањето на Германија во ЕУ како и стратешки надворешно политички приоритети.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.