Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг нагласи дека крајот бил блиску затоа што изборот е едноставен, од една страна го имаме Стево Пендаровски поддржан од сите политичари од транзицијата кои урнаа илјадници човечки судбини, а од друга страна епрофесорката Гордана Сиљановска Давкова, бескомпромисен борец, кој секогаш е на страната на правото, правдината Уставот и Законите.

Гордана Сиљановска Давкова со својот личен, домашен, но и меѓународен интегритет и професионален идентитет и тимот на врвни експерти има јасен план како да се врати правото и правната држава, потенцираше Мицкоски.

Мицкоски на крајот уште еднаш ги повика жителите на Општина Кратово да ја поддржат професорката Силјановска Давкова на 21-ви април и на 5-ти мај, затоа што голема победа на овие избори ќе ја отвореле вратата за предвремени парламентарни избори на кои Зоран Заев и СДСМ ќе заминат во политичката историја, и ќе изгрее зората на слободата која ќе донесе правда во Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.