Мицкоски од жителите на Струмица побара поддршка за професорката Гордана Силјановска Давкова затоа што таа е заштитник на правото и законите, борец против неправдите и секогаш кога Македонија била во искушение таа застанува на браникот на одбрана на идентитетот и татковината, за разлика од Пендаровски и СДСМ кои крадат и тргуваат со татковината.

Украде кампања, ама не престанува, продолжува да краде работи, па гледам во еден од нивните спотови го ставиле великанот Блаже Конески, човекот кој што викаше дека името ни е свето и сакаат да ни го земат. Тие луѓе го земаа името идентитетот и достоинството и честа и бесрамно се гордеат со тие луѓе. Честита Македонија допрва доаѓа, народот ќе си ја земе во свои раце, потенцираше Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.