Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата Што не е јасно на ТВ Алфа, нагласи дека здравјето нема цена и дека закани со казни доколку некој граѓани одбие да се попише се глупости, односно како што рече тој тоа ништо не важи, нека не се плашат, ниту некој може да ги казни, ниту пак некој ќе ги казни.

Здравјето нема цена. Ние ќе повикаме граѓаните да си го заштита здравјето, ако граѓаните се чувствуваат небезбедни, еве јас се чувствувам небезбеден да не отвораат врата. Нема тоа кривични пријави итн, тоа се се глупости. Тоа ништо не важи, нека не се плашат, ниту некој може да ги казни, ниту пак некој ќе ги казни. Чувајте си го луѓе здравјето затоа што животот нема реприза. Тоа што ние имаме неразумни луѓе ќе дојде таа одговорност порано или подоцна, истакна Мицкоски.

Мицкоски, истакна дека силата која што ја спроведува власта раѓа само сила, додавајќи дека тогаш опозицијата ќе врати со поголема сила и ќе победи.

Кажа директорот на една емисија Симовски вели и да не ни отвораат врата ние ќе ги вкрстиме базите, може ќе бидат нецелосни податоците, но ќе ги попишеме сите. Тоа е една сила, насилие. И како сакаат после тоа конструктивна опозиција? Како сакаат опозицијата да биде конструктивна? Нема да биде опозицијата конструктивна. Еве им кажувам нема да биде опозицијата конструктивна и влегуваме во политичка криза. Нека продолжат на сила да го туркаат процесот, влегуваме во политичка криза, ајде да видиме кој ќе победи. Нека тераат на силата, сила раѓа, ајде да видиме до крај ќе одиме па да видиме чија сила ќе победи, дали на Симовски и Заев, или на опозицијата, рече Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.