По најавата од СДСМ и ДУИ дека наскоро ќе ја официјализираат нивната коалиција за изборите во октомври, можност за здружување на силите најавија и од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Алијанса/Алтернатива, иако официјално се уште немале разговарано, објави Канал 5.

Пратеникот Антонио Милошоски вели дека има две сценарија за соработка со албанскиот блок: целосна предизборна коалиција уште од прв круг или комбинирана – во двата круга да имаат и самостојни и заеднички кандидати.

Во принцип коалицирањето на ВМРО-ДПМНЕ со албанските партии ќе биде врз основа на понудените кандидати и приграми, а не врз основа на тендер коалицијата и зделките кои СДСМ и ДУИ ги имаат како сврзно ткиво и тоа ќе биде клучната разлика во нашиот квалитет, вели Антонио Милошоски – пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Алијанса за Албанците и Алтернатива немаат ништо против да коалицираат во некои општини и со СДСМ, но велат дека политиката на владејачката партија е веќе позната за нив и граѓаните покажале незадоволство таму каде што СДСМ победи во 2017та.

Не правам разлика, нема некоа разлика меѓу ВМРО и СДСМ, а ако се анализира убаво, од оваа ВМРО-ДПМНЕ која е реформирана се уште немаме искуства како би функционирале, а за СДСМ веќе знаеме, вели Арбен Таравари – генерален секретар на Алијанса за Албанците.

Целиот текст овде.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.